| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една извонредна партија на Кари, Јута супериорна против Мајами (видео)

stef kari

Кошаркарите на Голден стејт продолжија со извонредните партии оваа сезона во НБА лигата синоќа победувајќи на гости против Сакраменто со 116-128.

Вориорси до победата беа водени од неверојатниот Стеф Кари кој уфрли 38 поени, додека Грин дополни 25 поени. Најефикасен во домашната екипа беше ДеМаркус Казинс со 33 поени, а 23 поени постигна Руди Геј.
На скоро половна од сезоната Голден Стејт има скор од 35 победи и само два порази. Рекордот во НБА лигата го држи Чикаго од сезоната 1995/96 со 72 победи и 10 порази и се поставува прашањето дали Кари и другарите можат да ги достигнат феномеланите бројки на булси од пред 20 години.

Јута Џез на крилјата на Гордон Хејворд му нанесе пораз на Мајами од 98-83. Хејворд за нешто повеќе од 37 минути на паркетот постигна 34 поени, додека Нето дополни со 14 поени. Кај Мајами подобар од останатите беше Крис Бош со 24 поени, а 16 поени постигна Драгиќ.

Кошаркарите на Торонто славеа против Филаделфија (1018-95), нанесувајќи и го и 35-от пораз сезонава. Најефикасен кај Торонто беше Ловри со 25 поени, додека ДеРозан дополни со 19 поени. Во екипата на Филаделфија се истакна Смит со 28 поени.

НБА резултати: Орландо – Вашингтон 99-105, Детроит – Бруклин 103-89, Филаделфија – Торонто 95-108, Јута – Мајами 98-83, Сакраменто – Голден стејт 116-128

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top