| четврток, 6 декември 2018 |

Ри Чун-хе веќе 40 години ги чита најважните вести за Северна Кореја (видео)

timthumb

Седумдесет и две годишната Ри Чун-хе, веќе долго време е во пензија, но се уште се појавува на телевизиските екрани за да ги соопшти најважните вести за Северна Кореја.

Фамозната Ри Чун-хе, позната по моќниот и неколеблив глас и извонредната решителности, доминира на телевизиските екрани во Северна Кореја уште од 1974 година, откако се вработила во државната телевизија, на која се емитуваат само сериозни и важни вести.

abc_nkorea_anchors_121212_wmain

Она што ја прославило е нејзиниот глас, кој во секунда се претвора од нежен кога чита вести за водачот на земјата, во заканувачки кога чита предупредувања за партиските непријатели.

Жената со моќен глас плачела во етерот во 1994 година, кога морала да прочита дека починал Ким Ил Сунг, а уште потешко и’ паднала веста дека починал Ким Јонг Ил.

Токму Ри Чун-хе, ја читаше и веста за хидрогенската бомба што, наводно, веќе ја има направено и Северна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top