Французинот Зинедин Зидан кој од неодамна седна на клупата на Реал Мадрид имаше старт како од сонишатата. Вечерва неговите играчи му приредија топло кртевање победувајќи ја екипата на Депортиво Ла Коруња со 5-0.
На „Сантијаго Бернабеу“. Серијата голови ја отвори Бензема во 15.минута, потоа следуваше хет – трик за Герет Бејл во 22, 49, 63.минута, а во судиското продолжение повторно Бензема стави точка на одличната игра и голгетерското шоу на „кралевите“.
По овој триумф, Реал Мадрид се наоѓа на третото место на табелата во Примера, со 40 освоени бода, еден помалку од Атлетико Мадрид и два помалку од Барселона, но овие два тима имаат и еден одигран меч помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)