Премиерлигашите Арсенал и Манчестер сити успеаја да се пласираат во следната рунда од ФА купот на Англија, остварувајќи сигурни победи на денешните мечеви. „Топчиите“ славеа со 3-1 над Сандерленд, иако гостите први поведоа со голот на Ленс. Сепак, Кемпбел израмни во првиот дел, а Рамси и Жиру во второто полувреме го ’нокаутираа’ противникот.
Манчестер сити со 0-3 го совлада Норвич на гости. Агуеро го отвори резултатот, Ихеаначо зголеми на 0-2, а Де Бруин го комплетираше триумфот на „граѓаните“.
Евертон со 2-0 славеше над нисколигашот Даг анд ред, а Кристал палас на гости го совлада Саутемптон (1-2). Вест Хем со голот на Никица Јелавиќ го совлада Вулверхемптон со 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.