| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Црвена Звезда срамно го навредуваа Антиќ: Вакви зборови ни на непријател не се кажуваат (видео)

 

KK-Crvena-zvezda-KK-Fenerbahce031-670x446

Во завршницата на  мечот поранешниот кошаркар на Ѕвезда беше на мета на поединечни исфрустрирани навивачи кои најстрашно што може го псуеја и го прозиваа.

На грбот истетовира „Делии“ на секој чекор зборува колку ја сака Звезда, но во „Пионир“ во петокот Перо Антиќ доживеа такви навреди од навивачите кои ги сака, какви што ни на најголем непријател не се кажуваат. Го водеше синот на натпревари во „Пионир“, навиваше од Атина и Америка за црвено-белите, а сега дочека да го псујат и најстрашно да го навредуваат.

Антиќ уште еднаш одигра одличен натпревар против Црвена Звезда оваа сезона. Во првиот меч на овие две екипи во регуларниот дел на Евролигата имаше 14 поени во Арена и така го предводеше својот тим до победата над црвено-белите, а добра партија пружи и во ТОП 16 фазата во „Пионир“.

Тоа на поедини, би се рекло исфрустрирани навивачи на Ѕвезда не им се допадна па во финишот на мечот се нафрија на својот поранешен играч. Бруталните псовки можеа да се слушнат во тие мигови и на многумина им беше непријатно, а особено на репрезентативецот на Македонија кој не го очекуваше тоа од навивачите на неговиот сакан клуб.

– Мрш перо, само овде ти се крева! Г**но едно да ти е**м мајката-беа вулгарните извици на ѕвездашите зад коѓот кај партер Б. Дури имаа замерки и на неговата тетоважа на грбот за Делиите.

– Прететовирај го тоа г**но, што не ти се крева некаде на други место, туку само против Ѕвезда.-летаа навреди кон Антиќ кој  по навредите даде изјава.

По мечот во изјавата Антиќ истакнува дека чувствата му се измешани бидејќи играл против клубот што го сака, а не се лути за навредите кои ги слушнал бидејќи смета дека тоа се некои вжештени глави и дека сето тоа е во жарот на спортската борба.

-Јас само малку се чувствував убаво и покрај победата. Сите знаат колку ја сакам Звезда, но мораш да работиш, ние сме професионалци. Тешко е да слушнеш од луѓе кои ги сакаш грди зборови, не е убаво.

Сепак Антиќ имаше разбирање и верува дека сето тоа е поради зголемените тензии.

– Но тоа е навивање, зголемени се емоциите, јас можам да им посакам само се најдобро и не им се лутам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top