| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар се мачи по првиот дел против ЦСМ Букурешт

andrea lekic

Македонскиот шампион ЖРК Вардар денеска со мечот од првото коло во втората групна фаза на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ ги продолжува натпреварите во Лигата на шампионите.
По првото полувреме во натпревар со малку погодици „црвено-црните“ иако имаа предност дури и од три гола сепак на полувремето заминуваат со нерешен исход (11-11).
Гостинките од Романија одлично го отворија натпреварот и по само десетина минути имаат предност од три гола 3-6 по што тренерот на Вардар, беше приморана да побара тајм-аут и се обиде да ја спречи полетната игра на ЦСМ Букурешт.
Тоа вроди со плод и многу бргу беше анулирана предноста. Вардар продолжи со цврстата одбрана која го принудуваше противникот да шутира од неизградени ситуации, а во нападот благодарејќи на разиграната Андреа Лекиќ која досега постигна четири гола дојде и до највисоката предност од 11-8 во 24 минута. Во тоа помогна и капитенот на екипата Ина Суслина која успеа да одбрани и два седмерци.
Сепак во последните шест минути вардарки не постигнаа гол, а примија дури три пред се по исклучувањата на Сања Дамњановиќ и Олга Черноиваненко.

По првиот дел Лекиќ постигна четири гола, кај гостинките од Букурешт се истакнаа хрватската голманка Јелена Грубишиќ со дури 11 одбранети удари, и бекот Исабеле Гулден со пет гола.

Во второто полувреме тренерскиот тандем Кастратовиќ – Питлик се очекува да ја забрзаат играта со цел да се постигнат неколку брзи гола за да може екипата резлутатски да се одлепи и го реши мечот во своја корист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top