| четврток, 6 декември 2018 |

Азаренка најдобра на првиот турнир во 2016 година

viktorija azarenka

Викторија Азаренка е победничка на првиот ВТА турнир во 2016 година, откако успеа да го освои трофејот во Бризбејн. По многубројните повреди, таа конечно се врати во одличен натпреварувачки ритам и ја покажа својата класа на овој турнир. Во финалето Азаренка ја совлада Анжелик Кербер со 2-0 во сетови (6-3, 6-1).

Белоруската тенисерка повторно освои турнир по пауза од две и пол години, а во Бризбејн повторно е најдобра по пауза од седум години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top