Поранешниот бразилски репрезентативец и некогашен член на Милан, Александре Пато, е блиску до преселба на „Енфилд роуд“, објавија британските медиуми. Тој за сума од 15 милиони евра треба повторно да се врати во Европа и да го покаже својот потенцијал, кој поради повредите и не го искажа во целост на „Сан сиро“.
Ливерпул има проблеми со повредите на поголем дел од фудбалерите, Даниел Стариџ повеќе е надвор од терените поради здравствени проблеми отколку што игра, и токму тоа е причината поради која Јирген Клоп се решава за ангажман на уште еден напаѓач. Покрај тоа, се уште постојат гласини дека Кристијан Бентеке би можел да заврши во редовите на Челси.
Пато одби богата финансиска понуда да се пресели во Кина, а Ливерпул за него би бил нов голем предизвик во кариерата. Александре Пато е под договор со Коринтијанс, а као позајмен играч настапуваше за Сао Паоло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.