| четврток, 6 декември 2018 |

Кланот Заеви „лапа“ милиони евра субвенции, а обвинува дека тие се делеле партиски

zaev subvenciiБратучедите на Заев инкасира по 700,000 денари субвенции годишно во последните 4 години. или вкупно 2 милиони и 800,000 денари државни пари. Во исто време, технички поставениот заменик министер од СДСМ, Љупчо Николовски, обвинува за партиско делење на земјоделските субвенции.

Според документите кои ги објавија „Сител“ и „Вечер“, компанијата „Еко Оранжерии Анска Река“, Валандово, која се занимава со производство на корнишони, е основана од две компании кои се во сопственост на кланот Заеви – Еленица која е на братучедот на Заев, Трајче Заев и Трго Продукт која е во сопственост на Бобан Заев.

Оваа фирма на Заеви и стана позната на македонската јавност по корнишоните со недозволено ниво на пестициди, кои Заеви се обидуваа да ги продадат на европскиот пазар, но камионите беа вратени назад од Хрватските Цариници. За такви корнишони, во последните 4 години Заеви добиле 2 милиони и 800,000 денари субвенции.


Минатата недела Сител откри дека кумашинот на Заев, Горан Митев, од државата земал субвенции од неверојатни 61 милион денари или близу еден милион евра, и 610 хектари државно земјиште.

Ова не е единствен случај функционери на СДСМ да добиле земјиште и субвенции кои вредат милиони, но и покрај тоа Љупчо Николовски постојано обвинува дека субвенциите во Македонија се делат исклучиво партиски.

Воедно, и семејството на неговата советничка Ленче Николовска, добило земјоделско земјиште и субвенции. По неговото технички поставување на позицијата заменик министер за Земјоделие, Николовски партиски ја вработи Николовска во неговиот кабинет.

Чудно, но и покрај овие факти, Николовски преку неколку појавувања во јавноста обвинуваше за партиско делење на субвенции, веројатно сметајќи дека и роднините на заев и семејството на Ленче партиски ги добиле нивните субвенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top