Главниот мексикански обвинител Арели Гомес на прес конференција изјави дека наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гусман ќе биде вратен во затворот „Алтиплано“, истиот строго чуван затвор од кој побегна на 11 јули лани преку ископан тунел, пренесоа американските медиуми.
Гусман беше фатен вчера утрината во крајбрежниот мексикански град Лос Мочис, а главниот обвинител на Мексико изјави дека локализирањето на наркобосот донекаде се должи на тоа што тој сакал да снима биографски филм.
-Уште еден важен аспект што дозволи да го утврдиме неговот место на престој беше информацијата дека имал намера да сними биографски филм, рече Гомес. „За таа цел Гусман стапил во контакт со актерки и продуценти.“
По завршувањето на прес конференцијата фатениот наркобарон беше покажан пред камерите и качен во транспортен авион на мексиканските вооружени сили.
Гусман вчераутро прво и избегал на потерата преку канал од канализација, но потоа бил фатен кога се обидел да избега со автомобил, информира мексиканската Влада, цитирана од британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)