| четврток, 6 декември 2018 |

Елитни кабини за новата жичница до Водно

zicara[3] (1)Советот на Град Скопје му даде дозвола на Министерството за транспорт и врски да изготви инфраструктурен проект за доизградба на жичницата „Милениумски крст“ на Водно од Kозле до Средно Водно.

Потребата од реализација на втората фаза од жичницата која ќе ја опфаќа трасата од Институтот за белодробни заболувања кај деца во Kозле до Средно Водно (секција 2) и од црквата „Свети Јован Kрстител“ до Институтот (секција 3), е со цел да се заокружи овој проект кој е огромно значење за Градот Скопје и за Републиката.

Основниот проект за сите три секции на жичницата веќе го изработи австриската фирма „Допелмаер“ која ја изгради првата фаза од Средно Водно до Милениумскиот крст.Должината на трасата на првиот дел е 1.750 метри. Има 28 кабини за по осум патници и 2 елитни кабини за четири патници. Предвидено е вкупниот проект да чини 6,7 милиони евра и да има вкупно 62 кабини.

Жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот крст пак, беше пуштена во употреба пред речиси 4 години. Таа има 28 обични гондоли за осум лица и две ВИП- гондоли. Билетот чини 100 денари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top