Новак Ѓоковиќ се пласираше во своето 16-то едноподруго финалето откако во полуфиналната пресметка на АТП турнирот во Доха славеше против Томаш Бердих со 6-3,7-6.
Минатата година, турнирот во Доха беше единствениот на кој Ѓоковиќ не стигна до борбата за трофеј, а сега тоа го исправи.
Во финалето српскиот тенисер го очекува неговиот најголем ривал Рафаел Надал. Тоа ќе биде 47 пресметка на двајцата тенисери во историјата, а моментално е нерешено во победи, 23-23. Надал претходно лесно во два сета (6-3, 6-4) го совлада Илија Марченко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.