| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуиран Лилверпул, се заканува маж со сомнителен пакет (видео)

Tithebarn-StreetБританската полиција денеска спроведе евакуција во ценарот на Ливерпул, поради сомнеж за поставен бомба во тој дел од градот.

Британските медиуми јавија дека полицијата преговара со еден маж кој се забарикадирал во зграда во центарот на Ливерпул и тврди дека кај себе има „сомнителен пакет“.

Поради стравувањето од можна експлозија, полицијата блокираше неколку улици и ги евакуираша станарите и вработените од повеќе згради во сторгиот центар на градот.

Мажот кој тврди дека има „сомнителен пакет“ се наоѓа во една 14-катна деловна зграда. Полицијата била алармирана откако вработени во зградата забележале маж во објектот кој се „однесувал сомнително“.

Преговорите со „сомнителниот“ маж се во тек и, според медиумите, тој засега одбива да ја напушти зградата, околу која се распоредени поголем број полицајци и припадници на противпожарната служба, а над тој дел од градот кружи и полициски хеликоптер.Security-incident-in-Liverpool

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top