| четврток, 6 декември 2018 |

Оскар и Диего Коста се степале на тренинг

Chelsea v WatfordНа последниот тренинг на Челси се случил сериозен инцидент, Оскар и Диего Коста влегле во физичка пресметка.

Британските медиуми пишуваат дека на тренингот пред дуелот во ФА-купот против Скантроп двете ѕвезди се степале поради остри стартови. Прв остар бил Оскар, а потоа Диего Коста му вратил во иста мера, по што се вратиле за врат, а потоа и си размениле неколку удари.

Поради инцидентот, Гус Хидинк ќе има многу работа во соблекувалната. Првичните информации се дека ситуацијата се смирила, но како и да е, лошата атмосфера од тренингот може да влијае на играта на „сините“ на натпреварот во ФА-купот.

Натпреварот меѓу Челси и Скантроп се игра в недела од 15 часот на „Стемфорд бриџ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top