Патријархот московски и на цела Русија Кирил ја одржа божикната литургија во храмот на Христос спасителот во Москва, а на неа присуствуваше рускиот премиер Дмитриј Медведев. Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на службата во Покровскиот храм во селото Тургиново во Тверската област. -Се молам да претстанат војните и меѓусебните борби и мирот Божји да дојде до сите нас- порача патријархот Кирил.
Литургијата ја пренесуваа неколку државни телевизии, а можеше да се следи и на сајтот на Руската православна црква.- Понекогаш сме во многу опасни кавги со луѓето кои се способни да донесат вистинска несреќа, страдање, а понекогаш тие кавги завршуваат со катастрофа. Секој од нас, пред се е должен да се труди да се помирува со нашите непријатели, разумно да гради односи така да мирот да настапува наместо кавгите- рече Кирил, обраќајќи се на верниците.
Тогаш, според патријархот, ќе има повеќе светлина и мир не само во семејствата, туку и во животот на народит, државите, на нашата планета. Свечени литургии се одржани во неколку стотини православни храмови во Москва и во десетици илјади цркви на Московската патријаршија ширум светот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.