| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск: Русија и Кина ги носам во срцето

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, кој се наоѓа на пат за Куба каде ќе се состане со рускиот патријарх Кирил, изјави дека во своето срце ги носи Русија и Кина.

Папата Франциск направи голем чекор кон унапредувањето на односите со Руската православна црква со состанокот со патријархот Кирил, а сега се поставува прашањето кога ќе ја посети Русија, оценуваат медиумите.

Тоа и всушност го прашаа новинарите во авионот.

– Кина и Русија ги имам овде – рекол папата покажувајќи со раката кон срцето, пренесува Танјуг.

Авионот од компанијата „Алталија“ со папата и неговата придружба тргна утрово од аеродромот во Рим.

Се очекува дека папата Франциск и патријархот Кирил ќе поминат околу два часа во приватен разговор на аеродромот „Хосе Марти“ во Хавана.

Тоа ќе биде прв состанок меѓу поглавар на Римокатоличката и најголемата православна црква уште од Големиот раскол во 1054 година, кој ги обликуваше модерната Европа и Блискиот Исток.

По Хавана, папата ќе го посети Мексико, и во Рим ќе се врати на 18 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top