| четврток, 6 декември 2018 |

Шефот на државата изрази сочувство за владиката Кирил

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод смртта на Владиката Кирил, митрополит на Полошко-кумановската епархија, упати писмо со сочувство до архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан. 

 

 Ваше Блаженство,

 

Со искрена тага ја примив веста за смртта на Владиката Кирил, митрополит на Полошко-кумановската епархија. Дозволете ми, во мое лично име и во името на сите верници од православна вероисповед, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, како и на целото свештенство и монаштво да ви упатам сочувство и  жалење за големата загуба.

Владиката Кирил целокупниот свој живот го посвети на ширењето на христијанската вера и остави траен белег во христијанскиот духовен живот на македонскиот народ. Неговото учење и благородна мисија говорат за промовирање на православието, кое се темели на љубовта, мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранција и солидарност.

Нека во овие моменти на тага Божјиот мир и утеха бидат со Вас.

Господ нека Ве благослови со неговото водство и мудрост.

Примете го моето искрено сочувство.

 

Слава му

д-р Ѓорге Иванов

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top