| четврток, 6 декември 2018 |

Која навика ја имаат сите милионери?

Стив Сиболд бил сиромашен млад студент кога го интервјуирал првиот милионер. Денес и самиот е милионер кој во текот на 30 години интервјуирал повеќе од 1.200 богати луѓе, а открил и дека сите имаат една заедничка работа. Имено, сите се образуваат така што читаат.

– Влегувате во домот на било кој богаташ и една од првите работи која ќе ги видите е огромна библиотека. Со помош на книгите, тие самите се образовале и научиле како да станат уште по успешни – тврди Сиболд и додава дека средната класа, од друга страна, чита романи, таблоиди и забавни магазини.

Меѓутоа, богаташите често избирааат да се образуваат, отколку да се забавуваат, а еден од таквите примери е и Ворен Бафет, кој вели дека 80 отсто од денот го поминува читајќи.

Според Томас Корли, автор на книгата „Навики на богатите: Дневни навики на богаташите“ дури 67 отсто од нив гледаат телевизија помалку од еден час дневно. Во споредба со работничката класа, само 23 отсо од сиромашните луѓе гледаат телевизија помалку од 60 минути дневно.

Исто така, само 6 отсто од богаташите сакаат да „фрлат поглед” на некое реалити шоу, додека тоа го прават 78 проценти од сиромашните луѓе.

Многу богати и успешни луѓе немаат класично високо образование, но тоа го надоместиле со читање.

– Јавноста смета дека патот до богатството е високото образование, но богаташите не ги интересираат средствата, туку крајната цел – објаснува Сиболд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top