| четврток, 6 декември 2018 |

На што ги троши Бил Гејтс своите пари

Богатството на еден од основачите на Мајкрософт, Бил Гејтс, е проценето на 89 милијарди американски долари, што го прави еден од најбогатите луѓе на светот.
Доколку би трошел милион долари дневно, на Гејтс би му биле потребни 245 години за да го потроши и последниот долар. Исто така, тој на секоја секунда заработува околу 250 долари, што значи дека има дневни приходи од околу 20 милиони долари, односно 7,8 милијарди долари на годишно ниво.

Бил Гејтс донирал 41,3 милијарди долари во добротворни цели. Тој со сопругата и Ворен Бафет во 2010 година го осмислил и реализирал проектот наречен “The Giving Pledge”. Идејата е секој кој ќе се согласи да биде дел од истиот, да го даде своето богатство во добротворни цели.

Освен што вложува во добротворни цели, тој ги троши парите и на исполнување на своите желби. На пример, во 1997 година Гејтс купил млазен авион кој е вреден 21 милиони долари. Во текот на годините тој поседувал многу луксузни автомобили, а во еден од нив – Porsche 911 тој заработил и казна поради пребрзо возење.

Бил исто така располага и со голема колекција на уметнички дела.

Дел од сликите се наоѓаат во неговиот дом во Сиетл кој вреди 63 милиони долари. Куќата има 24 купатила, шест кујни, двор во кој можат да престојуваат 200 лица, домашно кино и вештачко езеро со риби, пишува „Бизнис инсајдер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top