| четврток, 6 декември 2018 |

Децата на Билј Гејтс добиле паметни телефони дури на 14 години

Денес децата се порано добиваат паметни телефони, некои дури и во прво одделение, така што не е лесно да се одговори на прашањето кога родителите треба да им купат првпат телефон на децата. Но, ако го прашате еден од основачите на „Мајкрософт“ и најбогатиот човек на светот Билј Гејтс, тој најверојатно ќе ги советува родителите дека не треба да брзаат со такви скапи подароци.

Децата на Гејтс првите мобилни телефони ги добиле дури кога наполниле 14 години. Џенифер (20), Рори (17) и Фиби (14) морале да го дочекаат 14 роденден за да добијат телефон.

Гејтс во интервју за британски „Мирор“ не кажа која марка се телефоните кои ги користат неговите деца, но неговата сопруга Мелинда пред неколку години изјави дека сите производи на „Епл“ се забранети во куќата.

Мелинда и Бил исто така имаат и правила во домот за користење на паметните телефони. Забрането е се користат за време на ручек и вечера, а децата не смеат да ги користат доцна навечер за да не сурфаат на интернет бидејќи тоа ќе им го поремети ритамот за спиење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top