| четврток, 6 декември 2018 |

Kучиња Пан и Бојко и шест словенечки полицајци ќе им помагаат на македонските граничари

Како што денеска соопшти Амбасадата на Република Словенија во Скопје, словенечките полициски службеници по потреба ќе им помагаат и на македонските колеги во процесот на регистрација на бегалците во привремениот транзитен центар „Гевгелија“.

– Во работата покрај опремата и возилата, со кои вчера допатуваа од Словенија, ќе им помагаат и двете полициски кучиња Пан и Бојко, стои во соопштението.

Република Словенија во рамки на своите можности, се подвлекува, одговори на барањето на Република Македонија за материјална и логистичка помош при справувањето со бегалската криза, која го зафати регионот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top