Веќе традиционално, ракометната репрезентација на Македонија е најактивна во првите денови од новата година. Така е и во 2016 година, со оглед дека Кире Лазаров и соиграчите се подготвуваат за настапот на Европското првенство во Полска, кое почнува на средината од јануари. „Црвено-жолтите“ изминатите два дена беа во Словенија, каде одиграа два пријателски меча против оваа селекција. На враќање, дел од нив „удрија“ една фотка, честитајќи го Бадник на македонскиот народ.
– На пат за Македонија. Среќен Бадник – објави капитенот Кире Лазаров. Одличен фоторепортер е Борко Ристовски, а во кадарот влегоа и Митков и Јоноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.