Традиционално, во Македонија семејството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става пара. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата и тој што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои.
Во некои краишта од земјава, пак, адетот со кршењето на лепчето со паричка се прави на Василица. Битолчани раскажуваат дека на 13 јануари се собира друштво, се игра комар, се јаде и се крши, како што велат, мазник, односно вртена пита. Следниот ден се поминува со семејството, со богата трпеза.
Црковните лица се согласуваат дека за Бадник треба да си дома… Но, велат, лепчето со паричето оставете го за Василица. Обичајот на Бадник да седнеме на маса и да кршиме лепче со паричка не е црковен, туку фолклорен обичај.
– Единствено оправдано предание што црквата го кажува секогаш е дека паричката се крши само на Василица и тоа е поврзано со животописот на светиот Василиј Велики. Таму има една случка кога тој, кога доаѓал царот што сакал да го разурне градот, собирал пари за да го подмити, на некој начин да го омилостиви да не го прави тоа, да не им наштети на луѓето – објаснува Отец Бобан од скопската епархија.
Според него, царот загинал и не дошол до градот, по што светиот Василиј Велики се исправил пред дилемата како да им го врати богатството на луѓето.
-А не давал секој исто. Тој наредил на градските фурни да замесат лебови и да истураат парички, каде колку ќе им дојде. По Божјо чудо, се случило кој колку дал толку и да му се врати. Токму поради тоа предание ние ја одбележуваме секоја Василица со ставање паричка во лепчето. Ние се сеќаваме на чудото што го направил Бог преку светиот Василиј Велики – вели Отецот.
Отецот поучува дека обичајот што православните верници го прават за Бадник е неисправно предание и нема изворност во учењето на црквата. Вели Бог не би издвоил никого за да го направи посреќен од другите.
– Каква категорија е среќата?! Мене ќе ми падне паричката и јас ќе имам среќа. Зошто Бог би издвоил некого да биде посреќен од другите затоа што ќе му падне паричка?! Јас сметам дека тој обичај, кој е повеќе фолклорен отколку религиозен и верски, треба полека да угинува за време на Бадник и да се прави за време на Василица – додава отец Бобан.
Подготви: Билјана Зафирова
Видео: Дејан Станчевски
Монтажа: Илија Јовановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)