Тројца кавадарчани предозирани со алкохол изминатава ноќ побарале медицинска помош, информираше за МИА Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.
– Како по некое непишано правило, во текот на една календарска година, најмногу лица предозирани со алкохол имаме за време на коледарските огнови. За новогодишната ноќ имавме две алкохолизирани лица, а ноќва што помина – три, соопшти Паракеов.
Тој нагласи дека вообичаено за Нова година интоксикација со алкохол има кај млади лица, додека на Коледе со алкохол се предозираат постари лица.
Според докторот, во градот на виното и ракијата бројот на поднапиени граѓани во текот на изминатата ноќ сигурно бил и поголем, но дека тие се отрезниле без да побараат медицинска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)