| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајни мерки за Бадник во Скопје

По повод чествувањето на верските празници Бадник и Божик сообраќајната полиција ќе преземе мерки за сообраќајно обезбедување за непречено одвивање на манифестациите.

мерки

Како што е најавено, денеска ќе биде извршено примопредавање на бадникарскиот ќуп помеѓу досегашниот и новиот бадникарски кум.

Пајтонот ќе се движи по следната маршрута – од пред зградата на стара Народна техника на бул. „Партизански одреди бр. 101“, по крстосницата со бул. „ВМРО“, полукружно на бул. „ВМРО“ во продолжение на бул. „Партизански одреди“ до Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ каде традиционално ќе биде извршено примопредавање на кумството во 10 часот.

По извршеното примопредавање новиот кум со пајтонот ќе продолжи од бул. „Партизански одреди“ пред Соборниот храм, лево на бул. „Св. Климент Охридски“, лево на ул. „Димитрија Чупоски“, во продолжение десно по ул. „11 Октомври“, лево по ул. „Филип Втори“, десно на паркинг просторот пред ресторан „Стара куќа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top