| четврток, 6 декември 2018 |

Билјана Беличанец – Алексиќ апелира за помош за настраданите во експлозиите во Драчево

Билјана Беличанец – АлексиќПретставници од општина Кисела Вода заедно со градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ излегоа на местото на несреќниот случај кој денес се случи во селото Драчево и во кој настрадаа повеќе лица.

Додека се очекуваат резултатите од официјалната истрага на надлежните институции за пожарот кој уследи по двете експлозии во семејната куќа во ова село, Беличанец – Алексиќ изрази сочувство и жалење за настанатата ситуација, истакна дека ја следи здравствената состојба на повредените, посакувајќи им што поскоро да закрепнат.

Воедно, апелираше до сите жители на општината, од сите месни заедници, да ја покажат својата хуманост и да излезат со првична помош во храна и облека за семејствата на настраданите.

Информираше дека ќе поднесе барање до Советот на општина Кисела Вода, за веќе на следната седница на Советот да може на овие семејства да им биде одобрена парична помош од страна на општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top