Бадниковото лепче се подготвува за бадниковата вечера. Додека се меси во него се става метална паричка. Кога се дели лебот на членовите на семејството, на кого ќе падне паричката тој ќе има најголема среќа во текот на година…
Потребно
700 гр брашно
30 гр свеж квасец
400 мл млака вода
5 лажици масло за тестото + 2 лажици масло за премачкување
2 лажичиња сол
2 лажичиња шеќер
Подготовка
Од наведените состојки замесите тесто. покријте го со кујнска крпа и оставете го стаса околу 45 минути.
Ставете го на набрашнета работна површина и премесете го повторно. Поделете го на 4 дела, трите исти, а четвртиот помал. Формирајте топчиња од парчињата тесто.
Помалиот дел останува во облик на топче, а од останатите три дела развлечете кори со големина на калапот (со дијаметар 26 см) во кој ќе го печете лепчето. Калапот малку премачкајте го со масло.
Првата кора ставете ја на дното во калапот, т.е. најдобро на хартијата за печење надвор од калапот. Со четкичка премачкајте ја кората со масло, но само по средината.
Другата кора пресечете ја на 12 триаголници. Наредете ги на првата кора еден по друг. повторно со малку масло премачкајте ги аглите на триаголниците.
Истата постапка повторете ја и со третата кора. Триаголниците од оваа кора наредете ги преку триаголниците од втората кора.
Сега земете го врвот на првиот триаголник и повлечете го кон страните на калапот (кон себе) но малку во лево, врвот на триаголникот под него го влечете исто, но малку на десно. Оваа постапка ја повторувате со секој триаголник. Кога ќе завршите со целата постапка заедно со хартијата за печење префрлете ја погачата во калапот.
Сега земете го врвот на првиот триаголник и повлечете го кон страните на калапот (кон себе) но малку во лево, врвот на триаголникот под него го влечете исто, но малку на десно. Оваа постапка ја повторувате со секој триаголник. Кога ќе завршите со целата постапка заедно со хартијата за печење префрлете ја погачата во калапот.
Кога ќе го извадите од рерна печениот леб премачкајте го четкичка со ладна вода и покријте го со крпа за да кората на лебот стане помека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.