| четврток, 6 декември 2018 |

Спасоносни трикови за сигурно одење по заледените патишта

Ниските температури во текот на ноќта и мразот кој го окова асфалтот, претставуваат голема грижа за сите кои мораат да балансираат на замрзнатите градски улици.

5-trikovi-za-sigurno-odenje-po-mraz-01

 

Одењето по мразот не е воопшто лесно и може да донесе секаков вид проблеми – од болки во грбот и скршеници, до потреси на мозокот. Последиците од паѓањето се особено опасни за постарите лица кои имаат послаби коски.

Држете се до овие правила и трикови за да ја совладате вештината на одењето по мразот и да ги избегнете паѓањата:

1. Ослободете ги рацете

Додека одите, не би требало да ги држите рацете во џебовите, ниту пак дополнително да се оптоварувате и да носите кеси. На тој начин, доколку паднете, нема да може да паднете на рацете и тука да ја концентрирате целата тежина врз нив.

2. Одете пошироко

За да бидете постабилни, препорачливо е да одите малку пошироко. Поширокиот од е постабилен, а доколку имате дополнително помагало како на пример бастун или чадор, тогаш сигурно ќе ја намалите можноста за паѓање.

pedestrians-falling-ice-new-york-city

3. Пробајте го трикот со исечени чорапи

На погрубите чорапи, исечете им ги им прстите и ставете ги на чевлите. На тој начин, при одењето, предниот дел се фиксира на подлогата и го спречувате паѓањето.Овој трик можат да го користат и помладите така што подлогата ќе ја стават само на ѓонот од чевлите и чорапите нема да бидат видливи.

4. Одете навалени нанапред

За дополнително да се заштитите од паѓање, при одењето добро би било да го навалите телото нанапред. Таквото одење наликува на одењето на пингвините: Силата на гравитацијата преминува на предните нозе и на тој начин сте повнимателни на мразот.

trikovi-za-sigurno-odenje-po-mraz-212813

5. Избегнувајте спортска облека и чевли со рамна платформа

Пред да излезете на мразот треба да знаете дека спортската облека и чевлите со рамна платформа не се идеален избор. Грубата платформа на зимските чевли како и овие корисни совети можат да ви го олеснат балансирањето по замрзнатиот асфалт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top