Чистењето на ледот од ветробранското стакло на автомобилот наутро за многумина возачи е една од најдосадните работи во зима, но секогаш има и полошо. Доказ за тоа е случајот на еден жител на рускиот град Уфа, кој кога едно утро зимово тргнал на работа, не очекувал дека ќе го дочека ваква глетка.
Неговиот автомобил бил буквално замрзнат во голема коцка мраз. Во Русија суровите зими и студот неретко предизвикуваат пукање на водоводни цевки, па за претпоставува дека токму тоа се случило и тука, по што водата многу брзо замрзнала во ноќните часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.