| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Јанева прави циркус, за криминалот на Верушевски има признание

Уште пред да биде Верушевски ослободен од притвор по барање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во гостувањето на „24 Анализа“ истакна дека тоа ќе му нанесе голема штета на целиот процес.

stevco-jakimovski-24vesti-640x360

 

Јакимовски во емисијата што се емитуваше на 29 декември нагласува дека Јанева е избрана на неуставен начин и дека има задача пред граѓаните на Република Македонија да дојде до вистината.

-Чудна е и шизофренична ситуацијата во која тој што ги штити државните интереси, обвинителот, а не одбраната на обвинетиот бара ослободување, односно пуштање од притвор. Од друга страна, обвинетиот Верушевски се брани со молчење, а сè уште имаме недешифрирани податоци што обвинетиот ги имал кај себе. И тоа што е најбитно, имаме признание од осуден што е на одлежување на својата затворска казна, кој потврдува дека снимал по налог на Верушевски и за тоа примал пари. Доколку Катица Јанева, која е избрана на неуставен и незаконит начин даде едностран призвук на целата оваа ситуација како Специјално обвинителство, ќе нанесе голема штета на целиот процес и ќе нанесе штета на кредибилитетот  на цела оваа ситуација затоа што мислам дека интересот на сите граѓани на Република Македонија е да се дојде до вистината. И практично, Специјалното обвинителство ја има таа задача да се дојде до вистината – истакна Јакимовски.

Ставот на неговата партија, посочи, е дека не може некој што е избран на незаконит начин, да гони евентуално осомничени што го кршеле законот. Во Специјалното јавно обвинителство се случува циркуз, вели Јакимовски, а тоа е само почеток на она што ќе се случува.

-Ако Специјалното јавно обвинителство на чело со Катица Јанева има едностран пристап кон целата оваа работа, мислам дека ќе одигра само еднократка епизода и ништо повеќе во оваа нејзина обвинителска кариера – потенцира Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top