На аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина, полицијата уапсила двајца косовски државјани кои пристигнале со летот Истанбул – Приштина.
Станува збор за В.Х.(23) и Ф.Б.(19) и двајцата од околината на Гњилане.
Тие, според полицијата се враќале од боиштата во Сирија. Таму заминале во јануари 2015 и активно учествувале во борбите како припадници на ИД.
Уапсени се веднаш по слетувањето на авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.