| четврток, 6 декември 2018 |

„Џој“ – неверојатната приказна за женската сила пристигнува во домашните кина на 7 јануари

Инспириран од вистинска приказна, филмот „Џој“, донесува емотивен приказ на животното патешествие на Џој Мангано (Џенифер Лоренс), зачетничката на единствениот матријахат и изумителот на револуционерната крпа за бришење подови, „Миркл мопс“.

Филмот „Џој“ доби две номинации за Златен глобус, вклучувајќи номинација за најдобар филм и најдобра женска улога. Критичарите го опишуваат како приказна за реалните луѓе. Во македонските кина ќе почне да се емитува од 7 јануари.

465c3859-035e-4bf2-8855-e0db92bc5708

Филмот зборува за предавството, за измамата, за губењето на невиноста, за лузните од љубовта, за кревањето на тензијата во исклучително емотивната и човечка комедија за управувањето со семејството и работата кои не трпат грешки. Водена од сопствената генијалност и од желбата за остварување на животниот сон, Џој успева во својата намера да стане жената која ќе го трансформира сопствениот живот, но и животот на нејзиното семејство.

Актерката Изабела Роселини, која ја глуми богатата вдовица во филмот „Џој“, изјавила: „Секогаш кога гледаме филм за жена која посакува кариера, секогаш се вплеткани или љубовта или мажот, нејзиниот принц на бел коњ кој ѝ ги остварува целите. Тоа во овој филм не е така, овде е прикажана жената која е фокусирана на својата кариера, жената на чело на семејството и деловната империја која се соочува со предизвиците на суровиот американски пазар.“

Роселини додала и дека таа ја гледа оваа приказна како борбен поттик за вработените мајки: „Најголем проблем на жените секогаш било да се избалансира мајчинството и кариерата“.

Ова е веќе трета соработка на Дејвид О. Расел со Џенифер Лоренс, но прв филм каде главниот лик е жена. За улогата во филмот „Во добро и во зло“ (2011), Џенифер го освои Оскарот за најдобра женска улога, а соработката продолжи и во филмот „Американски измамници“ (2013), за кој беше номинирана за Оскар за најдобра споредна женска улога.

Во овој филм таа е опкружена со неколку членови на екипата со кои Дејвид О. Расел често соработува -Роберт де Ниро, Бредли Купер, Едгар Рамирез, Изабела Роселини, Дијана Лед и Вирџинија Медсен. Сценариото е базирано на книгата „Миракл мопс“. Како и во претходните филмови, Дејвид О. Расел се занимава со темата на семејството, лојалноста и на љубовта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top