Американската актерка во инает на папараците кои со денови ја следат, решила да објави прва фотографија на која бремениот стомак е во прв план.
Убавата холивудска актерка Ен Хатавеј која го чека своето прво дете, решила во инает на папараците да сподели прва фотографија од бременоста на нејзиниот налог на Инстаграм.
Фотографиите неколку пати се обиделе да направат фотографија на која се гледа дека актерката е во блажена состојба но ова е и прв пат Ен јавно да признае дека е бремена.
-Среќна 2016 година, мили мои Инстаграм пријатели. Вистина, објавување на фотографии во бикини и не е карактеристично за мене, но штотуку бев на плажа и забележав дека ме фотографираат. Затоа помислив – ако веќе треба да има моја фотографија тогаш нека биде онаа која ме прави среќна и која е направена со моја согласност и без филтри. Ви посакувам среќа, светлост и благослов во годината која е пред нас – напишала Ен.
Иако Ен Хатавеј е една од најбараните актерки, таа решила по породувањето да се повлече од сцената некое време и да и се посвети на улогата на мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.