Штипскиот градоначалник Илчо Захариев денешниот ден го прогласи за Ден на жалост по серијата сообраќајни несреќи.
Во вчерашната несреќа, животите ги загубија 30 годишниот Ристо Ш. и 41 годишниот Коце П. кога со автомобил завршија во водите на Брегалница.
Пред три дена, на новогодишната ноќ, во центарот на градот на крстосницата Дујле, загина 38 годишниот Марјан О. На неговиот автомобил налетал пијан возач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.