| четврток, 6 декември 2018 |

Бенитез е минато, нов шеф во Реал е Зидан

benitez i zidan

Рафаел Бенитез и официјално повеќе не е шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид. Она што беше најавено пред неколку часа од бројни шпански медиуми вечерва на прес-конференција го потврди претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез. Воедно, Перез го потврди она што беше најавувано – дека по заминувањето на Бенитез улогата на шеф на стручниот штаб ќе му биде доделена на Зинедин Зидан, играчката легенда на клубот која во последните години работеше со младинските категории на Реал.

– Би сакал да информирам за заминувањето на Рафаел Бенитез од тренерската функција во Реал Мадрид. Сакам да ставам до знаење дека Бенитез е голем професионалец кој со огромна желба и посветеност работеше во нашиот клуб во изминатите месеци. Сепак, бордот на директори донесе одлука тој да биде сменет, а на негово место да пристигне Зинедин Зидан. Зидан во кариерата покажал дека знае да одговори на предизвиците во фудбалот. Зизу, ова е твојот стадион, твојот клуб, ја имаш нашата доверба и верувам дека навивачите повторно ќе се забавуваат на секој наш натпревар – изјави Флорентино Перез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top