| четврток, 6 декември 2018 |

Утврден идентитетот на загинатите кај Штип (ФОТО)

Полицијата го утврди идентитетот на двајцата загинати кои вчера вечер со автомобил  завршија во водите на Брегалница.

riste-koce

 

Ристе Ш. (30) и Коце П. (41) се двајцата вработени во штипскиот затвор кои загинаа синоќа откако од засега непознати причини со автомобилот излетале од коловозот и завршиле во водите на Брегалница. Двајцата колеги починале на лице место.

Дел од медиумите синоќа објавија дека останатите двајца колеги кои биле во автомобилот позади нив, веднаш застанале и влегле во водата за да ги спасат колегите, но било предоцна.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а телата се предадени на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top