| четврток, 6 декември 2018 |

Тројки за Атлетик и Сарагоса од Реал и Барселона (видео)

Барселона и Реал Мадрид најавија комбинирани состави за вечерашните дуели против Сарагоса, односно Атлетик, но сепак беа пресилни за ривалите и им поделија „тројки“ за одлична увертира пред настапите во полуфиналето во Лигата на шампионите.

И без Меси, Иниеста, Пике, Пујол и Алба, Барселона лесно победи на „Ла Ромареда“ против домашната Сарагоса. Тељо на двапати и еднаш Алкантара беа прецизни за уверливи 3-0 и сигурен чекор кон титулата.


szólj hozzá: Zaragoza vs Barcelona 0:3 GOALS HIGHLIGHTS

Идентично со 3-0, победи и Реал Мадрид на жешкиот „Сан Мамеш“ во Билбао, против Атлетик. Кристијано Роналдо погоди двапати, а домаќините ги докусури Игуаин за победа од 3-0.


szólj hozzá: Athletic vs Real Madrid 0:3 GOALS HIGHLIGHTS

Сепак најубедлив денеска беше Атлетико Мадрид против Гранада. Предводени од Фалкао кој даде 2 гола „јорганџиите“ пукнаа „петарда“ во мрежата на Фернандес. Коста, Гарсија и Фелипе Луис по еднаш погодија за победа од 5-0 и продолжување на трката со Реал за втората позиција. Барселона со 81 бод е неприкосновена на врвот, пред Реал со 68 и Атлетико со 65 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top