| четврток, 6 декември 2018 |

Денес е Денот на разводите

 развод

Првиот понеделник од новата година го заработил прекарот Ден на разводи од адвокатите, бидејќи тогаш се поднесуваат најмногу барања за раскинување на бракот.Според статистика првиот месец од годината како целина е мрачен за браковите, бидејќи најчесто во јануари луѓето „брзаат” да се разведуваат или се впуштаат во вонбрачни авантури, соопшти „Дејли стар”.

Првата работна недела на јануари и најчесто првиот работен ден по празниците се работни за бракоразводните адвокати.

-Стресот, на кој биле подложени многу парови во празничниот период, во крајна линија доведува до зголемување на разводите во почетокот на новата година – објаснува Аманда МекАлистер од правната фирма „Слејтер и Гордон”.

Од друга страна, од сајтот Илиси Енкаутерс за запознавање на семејни луѓе сметаат дека во првата работна недела од новата година многу луѓе почнуваат вонбрачна афера. Причината повторно е стресен празничен период, кој поттикнува истовар од тензиите преку неверство.

Јануари е и месецот во кој најмногу Британци бараат среќа со нов партнер. Сведоштво за тоа е зголемената со 75 проценти активност во посредничките сајтови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top