Новинарот Јирген Тоденхефер во 2014 година поминал 10 дена во таканаречената Исламска држава, а тоа што го доживеал меѓу џихадистите, го напишал во книгата “Inside IS – 10 Tage im Islamischen Staat”.
Според овој новинар, џихадистите од Исламската држава не се плашат ниту од Русија, ниту пак од САД и западните сили туку само од една држава, а тоа е Израел.
Во неговото интервју за “Џуиш Њуз” германскиот новинар вели дека Израел не е вклучен во плановите на ИСИС за колонизаија на Блискиот исток.
– Единствената држава од која што се плаши Исламската држава е Израел. Тие ми кажаа дека се свесни дека израелската армија е премногу моќна за нив. Тие се уверени дека можат да ја поразат американската и британската пешадија за која тврдат дека нема искуство со урбани, герилски и терористички стратегии”, вели Тоденхефер и додава:
– Меѓутоа, знаат дека Израелците се премногу цврсти подеднакво, без разлика дали станува збор за борба против герилци или терористи.
За џихадистите, најголемата опасност доаѓа од израелската армија
Тоденхефер кој своевремено се занимаваше со политика и беше еден од најгласните критичари на американската политика кон Ирак и Авганистан во 2001 и 2003 година, вели дека милитантите на ИСИС кои што ги запознал, не се плашеле од американските војници, но веруваат дека израелската армија е реална и најголема опасност.
Џихадистите на ИСИС досега имаат испратено неколку видео пораки во кои им се закануваат на Израелците и тврдат дека во Ерусалим нема да остане ниту еден жив Евреин.
Сепак, иако се верува дека ИСИС имаат свои ограноци во Газа, досега немаше ниту еден терористички напад изведен од ИСИС на израелска територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)