Депешеа на американската амбасада во СФРЈ од 1973 година објавени на „Викиликс“ откриваат како Киро Глигоров, тогаш истакнат комунист и близок соработник на Тито, барал да бидат преземени силни безбедносни мерки од југословенските власти против работниците кои штрајкувале, а нивните потези ги сметал за антидржавни активности.
Тој во неговиот говор на 44. пленум на партискиот президиум на Лигата на комунистите на Југославија барал од безбедносните служби, како УДБА, да ги смират проблематичните индустријалци.
Глигоров, исто така, предупредил дека Лигата на комунисти има проблеми со регрутацијата на работниците во нивните редови.
Според американските дипломати, повикот на Глигоров за зголемена безбедност и мерки е знак дека комунистичката власт во тоа време се плашела од внатрешни немири, па така протестите против намалувањето на платите и зголемувањето на цените ги сметале како антидржавни активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



