| четврток, 6 декември 2018 |

Леард А. е убиеното момче на Бит-пазар

nozДеветнаесетгодишниот Леард Адеми е момчето што вчера вечерта беше убиено во Скопје. Младиот Леард во болница им подлегнал на повредите.

Од полицијата информираат дека се работи на расчистување на случајот и на пронаоѓање на сторителот.

Леард и уште едно лице со повреди од остар предмет, најверојатно нож, вчера вечерта биле донесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“ околу 19 часот. Еден час подоцна, полицијата добила информација дека едно од лицата, кое официјално имало убодна рана во пределот на срцето, им подлегнало на истите.

Вториот повреден, по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Дел од медиумите пишуваат дека инцидентот се случил на Бит-пазар.

Леард А. е син на спортскиот новинар во МРТВ, Сами Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top