„Лондон скул оф економикс“, еден од водечките универзитети во Британија го критикуваше БиБиСи затоа што го искористил студиското патување организирано од универзитетот во Северна Кореја за снимање таен документарен филм, тврдејќи дека со тоа била загрозена безбедноста на студентите кои не биле свесни што им се случува.
Универзитетот наведува дека тројца новинари на БиБиСи, меѓу кои и познатиот репортер Џон Свини, се приклучиле на студентското патување кон крајот на март како туристи, со цел да снимат документарен филм за политичката ситуација во оваа таинствена држава.
Универзитетот вели дека на студентите им е кажано дека ќе им се приклучат новинари, но не знаеле каква цел имале тие.
Оттаму побарале телевизијата да не го прикажува документарецот што треба да се емитува во понеделник во емисијата Панорама, но британскиот сервис тоа го одбил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Заев за Би-Би-Си: Над 75% од граѓаните ќе излезат на референдум и ќе гласаа
-
За „Би-Би-Си“ историскиот договор е во наводници: Личеше на свадба, едната страна се согласи да си го смени името!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит


