Актуелниот европски, светски и олиписки шампион, Франција, е првиот противник на Македонија на отварањето на Европското ракометно првенство во Полска што започнува на 15.јануари. Избраниците на селекторот Клод Онеста решени се да ја оправдаат фаворитската улога и да ја одбраната европската титула од пред две години. „Експертите“ се подготвуваат под полна пареа. Иако и во составот на Клод Онеста, има проблеми со повредите и со отсуството на неколку репрезентативци, сепак, Франција цели на највисокиот подиум и на четвртото европско злато.
Во јавноста деновиве се појави видео од подготовките на француската репрезентација на кое јасно се гледа дека Французите не оставаат ништо на случајноста. Под полна пареа во теретана работат и најсилните како Никола Карабатиќ, Седрик Сораиндо или Даниел Нарцис и најмладите, но и искусниот Тиери Омејер.
LES EXPERTS : GLADIATEURS by ff-handball
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)