Лестер е без постигнат гол на последните три натпревари во Премиер-лигата, а дополнителен проблем за Клаудио Раниери претставува повредата на мускулот на Џејми Варди, поради која најдобриот стрелец на тимот ќе мора да замине на операција. Раководството на „лисиците“ објави дека врз Варди ќе мора да биде извршен мал хируршки зафат, за да се отстрани проблемот кој не е премногу сериозен.
– Џејми се мачи со повреда на мускулот и сметаме дека сега е вистински момент за да замине на операција. Паузата би требало да изнесува околу две седмици – објавија од таборот на Лестер.
Ова значи дека Варди ќе го пропушти мечот од ФА Купот на Англија против Тотенхем, како и претстојниот премиерлигашки дуел со истиот ривал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Земји во кои работната пауза е најдолга