| четврток, 6 декември 2018 |

Батлер „екслодираше“ во второто полувреме и го урна рекордот на Џордан (видео)

batler

Одличен меч беше одигран синоќа во НБА лигата меѓу екипите на Торонто и Чикаго. Победата ја однесеа гостите победувајќи со 113-115 благодарејќи на феноменалниот Џими Батлер. Кошаркарот на Чикаго го урна рекордрот на Мајкл Џордан со најмногу постигнати поени во второто полувреме. Батлер реализираше само два коша во првите две четвртини, но експлодираше во второто полувреме постигнувајќи неверојатни 40 поени. Најдоброто остварување на Џордан е 39 поени против Милвоки во 1989 година.

– Не сакам да ме споредуваат со Мајкл Џордан бидејќи знам дека не сум ниту близу до него. Се обидувам да го правам истото за овој тим, но не сум ниту близу до Мајкл – скромно изјави Батлер по натпреварот.

Лос Анџелес лејкерс за прв пат сезонава славеше на три меча во низа, откако синоќа триумфираше на домашен терен над Феникс санс. Коби Брајант повторно не настапи за својот тим, а најефикасен беше ветеранот Лу Вилијамс со 30 поени.

НБА резултати:

Њујорк – Атланта 111-97, Торонто – Чикаго 113-115, Вашингтон – Мајами 75-97, Денвер – Портланд 106-112, ЛА лејкерс – Феникс 97-77.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top