Јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка за четириесет и четиригодишен скопјанец за сторено кривично дело обид за убиство.
– Осомничениот во неделата ја нападнал својата сопруга, по што со употреба на нож и сатар ѝ нанел тешки телесни повреди. На семејното насилство, кое завршило со крвав деликт, сведок било и едно од трите деца на брачните партнери. По извршеното кривично дело, осомничениот беше лишен од слобода, соопштуваат од Јавното обвинителство.
Јавен обвинител по увидот на самото место донесе наредби за вршење потребни вештачења, собирање траги од самото место, како и сослушување на повеќе лица со цел расветлување на настанот.
Ценеjќи дека се исполнети законските основи, обвинителството достави предлог до судија на претходна постапка за определување мерка притвор против осомничениот. Предлогот беше прифатен од судот, па со решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од триесет дена, се вели во соопштенито.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Љубоморен скопјанец со нож ја ранил партнерката
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Драма во ноќен клуб: Пијан охриѓанец извадил нож, повредено едно лице