Реал Мадрид не го искористи киксот на Барселона во вчерашниот дуел со Еспањол, и одигра само 2-2 на „Месталја“ против Валенсија.
Избраниците на Рафа Бенитез на двапати водеа со головите на Бензема и Бејл, но домаќините успеваа да го израмнат резултатот. „Кралевите“ поведоа во 17.минута преку Бензема откако Французинот искористи една одлична акција на Роналдо и Бејл.
Валенсија дојде до измранување во самиот финиш од првото полувреме преку пенал кој го реализираше Дани Парехо.
Во завршницата од мечот беше многу интересно, иако „кралевите“ беа со десетмина на теренот поради исклучувањето на Матео Ковачиќ во 68.минута Герет Бејл со удар со глава во 82.минута повторно му донесе водство на Реал Мадрид, но веќе во следната акција Валенсија израмни со погодокот на Пако Алкасер.
Во судиското продолжение, Негредо и Бејл имаа шанси за да донесат победа за своите тимови, но не успеаја во тоа, па Валенсија и Реал Мадрид поделија по еден бод на „Месталја“.
Реал останува на третото место на табелата со два бода негатива од Барселона која има и натпревар помалку, и четири од лидерот Атлетико Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)