фото: Канал 5
Непознат напаѓач ноќеска со камен го искршил ветробранското стакло на автомобилот на Драгиша Милетиќ, лидерот на Српската Напредна Странка во Македонија, пренесува Канал 5.
Милетиќ во изјава за телевизијата вели дека ова е закана за него, но и за демократијата во Македонија.
Тој вели дека и претходно имало вакви сценарија на заплашување. За време на кампањата за локалните избори нападите биле посилни. Српската Напредна Странка му даде поддршка на Стевчо Јакимовски за градоначалник на општина Карпош.
-Да, имав и претходно закани. Ми пишуваа со кармин на автомобилот „оди си во Србија”, ме заградуваа со контејнери, изјави лидерот на Српска Напредна Странка во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


