| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Мислам дека нема уште долго да бидам на клупата на Металург

lino-cervar-1

„Двапати стигнавме до четвртфинале во Лигата на шампиони. Сега имаме тим со 80 отсто млади играчи. Имаат проблем со пари. Мислам дека нема уште долго да бидам на клупата на Металург. Можеби да заминам и пред завршување на сезоната. Ќе видам како ќе се развива ситуацијата“, изјави Лино Червар во разговор за хрватскиот портал www.24sata.hr во викендот зад нас.

Поранешниот селектор на Хрватска веќе шест години е предводник на клубот од Автокоманда со кој, без дилеми, направи големи работи во изминатите сезони. Како на домашната сцена, така и на меѓународната. Но, со оваа негова изјава само ги потврди се почестите гласишта за многу веројатна разделба со металурзи на крај на првенство. Нов момент притоа можноста за такво нешто да се случи и порано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top