Мажот, кој удри со автомобил во четворица француски војници, кои ја обезбедуваа џамијата во градот Валанс во југоисточна Франција поседувал џихадистички пропагандни материјали во својот компјутер, покажуваат резултатите од истрагата.
Обвинителот Алекс Перен изјави дека тоа сепак не докажува дека тој бил поврзан со некоја терористичка група.
Пропагандните материјали се видео-снимки, кои можат да бидат симнати од интернет. – Не се од најлошиот вид на снимки, пред се станува збор за воинствени слогани, појасни Перен.
Дваесет и девет годишниот Французин од туниско потекло се обиде во петокот да прегази воена патрола, но тој беше совладан. При апсењето тој изјави дека сакал да ги убие вониците, бидејќи тие убиваат луѓе и оти сакал и тој да биде убиен од нив.
– Нема показатели дека тој бил психички болен. Тој бил невработен со години и не и е познат на полицијата, ниту на разузнавачките служби, додаде обвинителот.
Мажот доби прострелни рани во ногата и раката при апсењето и е сметен во болница. Во инцидентот полесно е повреден еден војник, а еден муслиман е ранет од залутан куршум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.